речник контакт

Се обновува црквата Св. Спас (фото)

Работите треба да завршат до крајот на месецов, по што ќе следи реосветување

Петар Печков

Црквата Св. Спас,  на левата страна од градот, се обновува. Се работи на целосна промена на дрвенаријата, патосот, олтарниот дел, се поставува подно греење..

Ова е прва поголема реконструкција на овој храм, по 1931. Тогаш било  последното реновирање и нешто поситно во 80-тите години на минатиот век.  Се работи во олтарниот дел, позади иконостасот, се подига престол за свештениците за нивно повеличествено служење. Се менува бојата на иконостасот во византиска кафена со златни примеси.  Се менуваат сите 20-тина  дрвени прозори со пвц. Една поголема работна активност, со кој ќе се зачува ликот на црквата, но и ќе се обнови и подмлади   – рече  старешината на црквата протојереј  Горан Панзов а од неодамна и м-р по психолошки науки.

Целосната реконструкција е со донации од  неколку велешки фирми. Се работи еден месец и до крајот на месецов треба да се завршат изведбените работи по што ќе следи реосветување. Во меѓувреме  во црквата Св. Спас се одржуваат сите  црковни служби, единствено овие три седмици нема водење на литургии, се друго се случува.

Неодамна започна и дограба на административната зграда на црквата Св. Богородица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »