речник контакт

Се огласи полицијата, починатиот богомилачец бил претепан, уапсено едно лице

И.Г. (20 год) бил задржан во полициска станица Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, додаваат од полиција

Петар Печков

Како што најавија од полицијата, попладнево излегоа со информација за настаноt од синоќа, кој се случи во село Богомила и остави непознати за случувањето. Има и уапсено лице, со што се потврдени пишувањата на ТрМр. 

„На 23. јануари  во 00.20 часот во село Богомила, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(20 год ) од с.Богомила. На 22.01.2023 околу 20.30 часот во село Богомила настанала физичка пресметка помеѓу него и Р.С.(62 год ) од село Богомила, по што го напуштил местото, а за кратко време Р.С. бил пронајден починат. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршил Јавен обвинител од ОЈО Велес и екипа од СВР Велес“ - соппштија од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. И.Г. бил задржан во полициска станица  Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, додаваат од полиција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »