речник контакт

Се одржа втората планинарска акција „Клепа 2022“ (фото)

Имаше стотина учесници од десетина града, кои изодеа патека во должина од 17 км а се искачија на 1.150м н.в.

Петар Печков

Во неделата се одржа  втората планинарска акција „Клепа2022“  во организација на Планинарското спортско друштво „Клепа” од Градско. Стотина учесниците од село Подлес  се упатија кон врвот Клепа на 1150 м. надморска височина.

„Целта на акцијата е да се запознае централниот дел на Македонија со прекрасен поглед од врв “Клепа” и да се поттикнат граѓаните за движење во планина. Ова е планинарска акција за уживање низ рурално место со прекрасно езеро, црква, планина, чист воздух и зеленило во месец мај“- велат организаторите  ПСД „Клепа“

Клепа е средно-висока планина во средишниот дел на Македонија, западно од Градско. Поради стратешката положба , врвот долго време бил центар на воени бази и на самиот врв се наоѓаат остатоци од бункери и засолништа.

Учесници беа  од повеќе градови - Градско, Велес, Струмица,Скопје, Дојран, Кавадарци, Неготино, Росоман, Прилеп. На враќање  учесниците се упатија   кон селото Двориште, а од таму  продолжија  кон манастирот „Св. Архангел Михаил”, каде на сите учесници и им беше поделен бесплатен ручек . Патеката беше во должина од 17км и наменета за рекреативци.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »