речник контакт

Се одржаа јубилејните 30-ти Средби на извидници Велес 2016

На Средбите учествувале 80 извидници од Прилеп, Кичево, Скопје, Ниш – Република Србија и Велес

Петар Печков

 Викендов  Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес ги организираше XXX  јубилејните традиционални Средби на извидници Велес 2016. Средбите се одржаа во извидничкиот центар Голозинци и истите беа од меѓународен карактер.

Со оваа извидничка активност започнуваат  да го одбележуваат  65 годишното  постоење на одредот во Велес и Република Македонија.

 На Средбите учествувале 80 извидници од Прилеп, Кичево, Скопје, Ниш – Република Србија и извидниците на одредот органнизатор. Тие се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, прва помош и сигнализација.

Првото место на XXX  јубилејните традиционалните Средби на извидници Велес 2016 им припадна на извидниците од извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија , а додека пак второто и третото место им припадна на извидниците од ИО “Феникс“ од Прилеп. За прв пат беше доделена и извидничка награда за “извиднички фер плеј и истрајност“, а тоа го доби ИО “Мирко Милески од Кичево, а воедно беа и доделени поединечни награди за најдобро изработени графички материјали.

Во рамките на XXX  јубилејните традиционалните Средби на извидници Велес 2016 на 16.4.2016 год. (сабота) беше организирана и средба на неколку генерации извидници ветерани кои беа вклучени во ораганизацијата на досегашните триесет средби кои се организраа на терените на Велес, спортско-рекреативниот локалитет езеро Младост, локалитетот Манастир Св. Илија,  село Извор  и извидничкиот центар Голозинци.

Старешинство на одредот изразува жалење што на овие средби не се појавиле голем број на одреди од Република Македонија какои раководството и канцеларијата на СИМ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »