речник контакт

Се одржаа 37-те Средби на извидници „Голозинци 2023“ (фото)

На средбите учествувале околу 120 извидници од Скопје, Прилеп, Штип, Свети Николе, Битола и од Ниш, Република Србија

Петар Печков

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 37-те Средби на извидници Голозинци 2023, кој  се одржаа. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село во Општина Чашка. На средбите учество земаа повеќе од 120 извидници од Скопје, Прилеп, Штип, Свети Николе, Битола и  од Ниш, Република Србија.

„Средбите на извидници беа програмски организирани во насока на живот во природа, неформално образование, ориентација и топографија во непознат терен, прва помош и исхрана во природа. Овие средби извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја заокружи прославата по повод 70 години извиднички одред“ - кажа Ангелче Гушев старешина на ИО „Димитар Влахов“ од Велес.

Средби на извидници имаа и натпреварувачки карактер. Во категоријата на истражувачи и ровери првото и второто место го освоија патролите на ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш Република Србија и третото место патролата на ИО “Методиј Митевски  Брицо “ од Скопје.

Во категоријата на извидници прво место патролата на ИПО “Сидро“ од Скопје, а второто и третото место им припадна на патролите на ИО “Гоце Делчев“ од Св. Николе.

Биле доделени  пакет на извидничка литература за најдобро изработените материјали кроки, извештај на дел од помината патека, итенерер на минско поле, скица на дел од помината патека и скица на контролна точка.

фото ИО Димитар Влахов

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »