речник контакт

Се ослободуваат „заробените дрвја“ во Велес

За целосно да се ослободат потребно е да се применува и одлуката за забрана за плакатирање на дрвјата во градот

Петар Печков

Во тек е акцијата на вработените од Паркови и зеленило, за ослободување на заробените дрвја. Се проширува просторот околу кореновиот систем. Во Велес нема мапирано колку од јавното зеленило е „заробено“ и сите сме сведоци на тоа дека дрвјата нема простор каде да растат, па дури и се покрева асфалтот, бехатонот, бетонот околу нив за да може тие да вегетираат.

„Порамнувaње на бекатон плочките околу дрвата и поправка на  тротоарот се врши од влезот на Велес од населба Тунел па се до Градскиот саат. Но и таму каде ќе се евидентира дека има „заробени садници“ - кажаа од ЈКП Дервен.

Професорот Кирил Сотировски од Шумарскиот факултет во Скопје, вели дека имаат регистрирано задавени стебла и неколку  градови од земјава.  Освен во Скопје, каде веќе таква акција е реализирана, случаи имале регистрирано и во Велес.

„Имаме регистрирано дури и бизарни ситуации на задавени стебла во Велес, Охрид и Тетово“- вели  проф. д-р. Сотировски.

 И еве што вели Законот за урбанизам„ Заштитени се сите дрвја, како од јавните така и од приватните површини, со обем на стебло над 40 центиметри, мерено во висина од 1,3 метри, освен овошките, дрвјата во малите градини и дрвјата во шумите.“

Но за „ослободување на заробените дрвја“ во Велес е потребно  да се применува одлуката на Советот на Општина Велес, со која се забранува  поставување на некролози на дрвјата, но и било каков друг пропаганден материјал.  Целта е  да се создадат услови за подобар развој на зеленилото.  Таа е донесена во јуни 2019-та година и со неа не се предвидени казни.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »