речник контакт

Се повисоки бројки на ново заразени со ковид-19 во велешко, денес 31

Во трите ковид одделенија од велешка Болница хоспитализирани се 68 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко е регистриран 31 нов случај на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се  14. Ова е податок објавен од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко достигна до 348.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница хоспитализирани се 68 пациенти,  од кои  51 се потврдени позитивни, четворица сомнителни  и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. Од нив на Инфективно  одделение се  38, на Интерно седум и во  Модуларна болница 23 пациенти.

Од  хоспитализираните пациенти на кислородна поддршка се 33.  Испишани се двајца како оздравени со по  еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »