речник контакт

Се подготвува куклена претстава во велешки театар

``Принцезата и гускарот,, по мотивите на истоимената прикаска на Хауф

Петар Печков

Во велешкиот театар во тек се подготовките за претставата  ,, Принцезата и гускарот,, по мотивите на истоимената прикаска од  Вилхелм Хауф  а во режија на   тетовецот Дарко Ковачовски.  Овој тип на претстави со кукли марионети,  водени од дистанца преку водач и конец, прв пат се играат во велешкиот театар од неговото обновување. Се играле до 60-тите години на минатиот век, оттогаш ги немало на репертоарот.

Текстот  на  ,, Принцезата и гускарот,,  е многу сличен со ,,Свињарот,, од Ханс Кристијан  Андерсен, така приказните секогаш се надополнуваат и пренесуваат.  За мене беше голем предизвик да се создаде драматизација на оваа прикаска , која е пишувана во романтичен стил.  Голема чест  е што работам со овие актери, кои прават чекор напред во однос на тоа што досега го работеле, оти нивната енергија ја пренесуваат на куклата. Тие сега, во текот на подготовките на претставата согоруваат, за утре, кога ќе биде премиерата, да светнат. Овие претстави се ретки, затоа што се доста захтевни, понапорни, имаат повисок критериум за работа – вели режисерот Дарко Ковачовски. 

Тој дипломирал  режија во класата на професорот Слободан Унковски, потоа во Софија дипломирал куклена режија.  Заедно со неговата сопруга  Надја Василева Ковачевска која е сценограф магистер по  кукларски технологии,  десетина години се занимаваат со кукларство. Тие  имаат  ателје и работата исклучиво ваков вид  театарски претстави. Досега има поставено 50-тина на просторите од Балканот, Бугарија, Србија, Хрватска, БиХ,   со која учествувал на годинашниот МЕСС.  

Во претставата настапуваат: Кети Борисовска,  Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Марија Стефановска. Последните две се  млади актерки кои неодамна го засноваа својот прв професионален ангажман во велешкиот театар.  Според Јордан Витанов директорот на театарот ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, целта  со поставувањето на оваа претстава е обраќање кон најмладата публика, која има потреба од  куклени претстави. Таа премиерата треба да ја има на почетокот од следниот месец.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »