речник контакт

Се помалку активни случаи во велешко како и згрижени пациенти со ковид-19 во Болница

И денес починат пациент од последици на корона вирусот

Петар Печков

Повеќе оздравени отколку ново заразени во велешко  регистрираше Министерството за здравство.  Здравствениот билтен за изминатите 24 часа покажува дека во велешко има седум  ново заразени со корона вирусот додека оздравени се 16 пациенти. Бројот на активни случаи се  327.

Од велешка Болница објавија дека и денес има починато пациент, маж на 80 годишна возраст, позитивен на ковид-19. Тој е 261-ва жртва од велешко, од последиците на корона вирусот.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница   имаш згрижено 30 пациенти, тројца  помалку од вчера.  Од нив 17  се позитивни потврдени  со ПЦР тест, непотврдени тројца   и 10  се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Нема ново примени, испишан е со еден негативен тест се тројца. На  континуирана кислородна поддршка се 12 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

Слободни кревети има 35 на Инфективно и 33 во модуларната Болница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »