речник контакт

Се помалку активни случаи со ковид-19 во велешко

Во Велешка Болница има згрижено осум пациенти

Петар Печков

Продолжува да се намалува бројот на активни случаи со  ковид-19 во велешко. Според последниот извештај на Министерство за здравство, овој петок  таа бројка е 26 или за половина помалку од пред осум дена, кога на 1 септември беше Изминатите 24 часа нема  нови случаи а оздравени се шест.

Изминатите осум дена во Велес има регистрирано еден смртен случај на пациент позитивен на ковид-19, кој починал во болнички услови  соопшти Министерството за здравство. Тоа се случило викендот од 2 до 4 септември. Од Велешка болница кажаа дека кај нив нема смртен случај, или лицето починало на клиниките во Скопје.  Тоа е 328 случај на починат жител од велешко, од последиците на корона вирусот.
 
Во Велешка Болница има згрижено осум  пациенти, седум се на Инфективно  одделение и еден на Невропсихијатрија.

„Потврдено позитивни се пет, негативно се тројца со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се тројца  пациенти“ - кажа д-р Елена  Левкова Ќулумова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »