речник контакт

Се поставува одводна атмосферска мрежа во центарот на Велес

Со овој зафат ќе реши повеќедеценискиот проблем со поплавување на централните градски улици од поројниот дожд - вели градоначлникто Колев

Петар Печков

Започнаа градежните работи со кој централното  градско подрачје на Велес, добива   одвод на атмосферските и дождовни води, кои се слеваат  од високите реони на градот.

„Со овој зафат ќе реши повеќедеценискиот проблем со поплавување на централните градски улици од  поројниот  дожд. Се гради подземна одводна мрежа со цевки Ф-800, од мостот Гемиџии до Сармаале“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Изведувач на градежните работите е „Делта пром“ а рок на изведба до крајот на годината.
Овој зафат е дел од поголема градежна активност, финансирана од ЕУ уредување на центарот на градот.

Меѓу другото беше и асфалтирањето на улица Архиепископ Михаил, која кога ќе завршат сите работи треба да биде еднонасочна. Исто така треба да се изгради кружен тек на Сармаале, улицата  „8 септември“ од Самраале до Коњаникот да стане  пешачка зона.    

Градоначалникот Колев нагласи дека промената на канализационата мрежа пред една и пол година што се случи на улицата над мостот Гемиџии била со друг проект и затоа се а повторно се раскопува.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »