речник контакт

Се потроши комерцијалната вакцина проти сезонски грип

Нови количини нема да се добијат

Петар Печков

Кратко траеше комерцијалната  вакцинација против сезонски грип. Започна во понеделникот, заврши во средата. Пациентите кои сакале да се вакцинираат, реагираа дека  ја немало уште во претпладневните часови, иако цената беше 800 денари. Од Центарот за јавно здравје Велес потврдија дека вакцини против сезонски грип нема.   

Сите 400 вакцини се потрошија. Нема да се добијат нови количини - кажа  в.д. директорката Весна Николовска Неделкова.

Вакцинацијата против сезонски грип, според календарот за вакцинација се прима во октомври а неа Центарот за јавно здравје Велес  ја пушти во средината на месец декември. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »