речник контакт

Се потрошија парите предвидени за годинава, за исплата на граѓани каснати од кучиња скитници

За 10 месеци поднесени 17 тужби и на оштетените граѓани им се исплатени 831 илјада денари поради каснување од куче скитник

Петар Печков

Локалната власт ја зголеми ставката  од која  се исплатуваат тужбите од граѓани, поради каснувања од кучиња скитници.  Тоа се должи на зголемениот  бројот на тужби кои граѓаните ги поднеле против Општина Велес, за обесштетување од каснување на куче.

За десет месеци годинава имало пристигнато 17 тужби за што се исплатени 831.557 денари. Со тоа биле исцрпени планираните и обезбедени средства од локалниот Буџет,  па се  изврши измена на распоредот на средства од Буџетот на Општина Велес.

Ставката со која се обезбедуваат средства по тужбите за каснување од кучиња е исцрпена. Затоа правиме прераспределување на средства од друга ставка, од плати на државни службеници, каде имаме неискористени средства, бидејќи имавме планирани а нереализирани вработувања - објасни Љупче Андреевски, раководител на  одделение за финансии.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »