речник контакт

Се почесто младите на удар на срцевосадовите заболувања

29-ти Септември е Светскиот Ден на срцето, Општинскиот Црвен крст го одбележа и во Велес

Петар Печков

29-ти  Септември е  Светскиот Ден на срцето. По тој повод  Општинската организација на Црвениот крст Велес  ја промовираше  заложбата за заштита и превенција на пошироката јавност од срцевосадовите заболувања.

На  платото пред новиот театар   се организираше штанд за мерење на крвен притисок и  се делеа совети за граѓаните. Велешани, случајните минувачи, ја  искористија можноста да проверат каква им е здравствената состојба но и да слушнат како здраво да живеат. 

Ова е наша скромен придонес како  општински Црвен крст, да ја подигнеме свеста кај граѓаните за како да  се превенираат кардиоваскуларните заболувања и да промовираме здрави животни навики.  Голем дел од населението не е свесно за  ризиците, поледиците и ова се превентабилни болести – рече д-р Горан  Богатиновски.

Според статистката во светот годишно умираат 18 милиони луѓе од кардиоваскуларни заболувања,   што е далеку повеќе починати   од малигните заболувања -8 милиони а од респираторни зболувања само 4 милиони.  Проценките се дека до 2030 бројката на починати ќе стигнува до 25 милиони и тоа е болест број еден во светот од  која најмногу се умира.  Во Македонија се присутни истите трендови.  

За жал велешани не сфаќаат дека здравјето е  нивна одговорност а не на матичните лекари. Третирањето на овие  заболувања оди  заедно со примарната здравствена заштита. Се почесто и младите имаат срцеви проблеми, поради динамичниот начин на живеење, стресогените фактори  и не се практикуваат  здрави животни навики. Не се консумира  не се внимава   на телесната маса, се пуши, прекумерно се консумира алкохол што резултира со кардиоваскуларни заболувања – додаде д-р Богатинов.

 Клубот на млади  на Цревниот крст делеа флаери на минувачите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »