речник контакт

Се пошумуваат опожарените терени околу езеро Младоcт

ДМ дрогерии обезбедија околу 40 илјади садници дрвја кои наредните денови ќе се засадат на 17,5 ха

Петар Печков

Денес во околината на езеро Младост, се одржа  акција за пошумување. Таа се изведе на опожарените терени од пожарот во август 2019 година.

На неа учествуваа  вработените од Подружницата „Бабуна“ од Велес заедно  со ученици, шумската полиција, планинари, еколошки здруженија, извидници, акцијашите ветерани и граѓани волонтери од Велес.

Тие денес  пошумуваа на неколку хектари, а во наредните денови ќе бидат вкупно засадени околу 17,5 хектари површина со околу 40 илјади садници од јавор, јасен и багрем. Тие се обезбедени од  "ДМ-дрогерии".

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »