речник контакт

Се појави град што исчезна пред 57 години

Поради големата суша, шпанскиот град Мансиљ де ла Сиера се појави од водата по шест децении

Петар Печков

Остатоци од изгубениот шпански град Мансиљ де ла Сиера се појавија од водата по шест децении. Големата суша предизвикала појавување на урнатините од напуштен шпански град што бил поплавен  пред 57 години.

Градот се наоѓа во долината Ла Риоха во Северна Шпанија, а неговите жители биле преселени во 1959 година во блиското гратче за да се направи место за изградба на резервоар за наводнување на земјоделското село Алто Нахериља.

Резервоарот тогаш бил наполнет со вода со која бил исполнет и градот. Но по особено суво и жешко лето во текот на 2017 година, поплавеното планинско гратче повторно исплива на површина, откривајќи неверојатен поглед за локалните жители и туристи. 

Така, посетителите можеле да влезат во куќите напуштени пред повеќе од пет децении, а постарите жители почувствувале носталгија кога ги посетиле своите некогашни домови

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »