речник контакт

Се преврте шлепер, возачот во Болница

Камионот кој бил товарен со песок, излетал од патот кај Железниот мост кај Стоби

Петар Печков

Попладнево околу 16 часот на регионалниот пат Велес – Градско кај Железниот мост кај Градско се преврте товарно возило. Во сообраќајката дошло од засега неутврдени причини а камионот натоварен со песок завршил покрај патот.  Во неа потешко е повреден возачот С.Д. (48 год) од Прилеп.

Тој е хоспитализиран во велешката Болница и според дежурниот доктор е во стабилна состојба. Повредениот возач тврдел дека му се дупнала гумата, поради што изгубил контрола и завршил во ендек. Дали е така ќе покажа истрагата на сообраќајната полиција која е на местото на настанот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »