речник контакт

Се преврти багер во Вардар, возачот почина

Инцидентот се случил кај месноста Црвени брегови

Петар Печков

Средата на пладне, додека  багер вршел ископ на песок од водите на река Вардар, се превртел, а возачот починал. Второто лице минало со полесни повреди.

„На 21-ри јули  околу 12 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од село Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на река Вардар, во атар на село Црвени Брегови, паднало во реката. Притоа, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од село Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“- соопштија од МВР,

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »