речник контакт

Се пресекоа тополите покрај Вардар

ЈКП Дервен смирува дрвјата се стари

Петар Печков

Покрај брегот на реката Вардар  е во тек голема сеча на тополите стари со децении. Ова го прават екипи на ЈКП Дервен, откако комисија одлучила дека тополите се стари и претставуаат опаност по околината.

Сечењето ќе трае цела седмица, бидејќи ќе треба да се исечат 41 стебло, од кои 32 се листопадни, најмногу тополи и 9 зимзелени. За иднината на овој простор од ЈКП Дервен најавуваат дека ќе биде хортикулутрно уреден, без дополнителни објаснувања колку и кои дрвја ќе бидат засадени. Ова е втора голема сеча на дрјва во Велес, по онаа ланската во Градскиот парк.


 И додека дрвјата е сечеа, во нивна близина беше и помала група сограѓани кои чекаа дрвјата да се пресечат, за да земат  и  дома со нив  се греат. Некои од присутните  дури и активно учествуваа во сечењето на тополите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »