речник контакт

Се продава Киро Ќучук, по втор пат, без почетна цена

Се продаваат три пакети од имотот на фирмата во стечај

Петар Печков

Објавен е оглас за продажба на некогашната циглана  Киро Ќучук.   Продажбата е по електронски пат и закажана е за 28 септември во 11 часот.

Продажбата е без почетна цена, со  тоа што  минималниот износ на наддавање е 5 милиони денари.  Киро Ќучук се продава во три пакети, фабрички комплекс чија проценета вредност е 226 милиони денари.

Во него влегува недвижен имот -згради, земјоделско земјиште, машини и опрема чија вредност е најголема и проценета на 122,5 милиони денари, инвентар и  транспортни средства.

Во вториот пакет е продавница близу пазариште со површина од 25 м2 додека во третиот пакет е административна зграда, некогашниот Хотел за работници, познати како мензите на Пелагонија.  

Конечната одлука дали Киро Ќучук ќе биде продаден ја донесува Собранието на доверители. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »