речник контакт

Се продава градежно земјиште за бензиски пумпи

Општина Велес ќе стори сефте со децентрализацијата на надлежностите

Петар Печков

 Локации за две бензиски пумпи, на регионалниот пат Велес- Штип во катастарска општина Челошево, и на автопатот Велес- Скопје, во катастарска општина Ветерско се продаваат на јавно наддавање.Тоа ќе се случи на  28 март во 12 и 14 часот.

Депозитот за учество на наддавањето за земјиштето за  бензиската во Ветерско е  800 илјади денари и е со површина од  4 хектари а последниот рок за пријаување е до 21 март. Истиот рок е и за локацијата за  бензиска кај Челошево со тоа што површината е 5 ха а депозитот за учество е еден милион денари.

 Ова е новина која општина Велес ја доби од почетокот на месецов а се однесува на процесот на децентрализација. 80 отсто до собраните средства се изворен приход на локалната власт а 20 на државниот Буџет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »