речник контакт

Се продава градежно земјиште за семејни куќи

Во Велес се продаваат градежни парцели наменети за изградба на семејни куќи. Ова е голем настан бидејќи во градот има недостиг од урбанизиран простор за домување.

Петар Печков


Во населбата Тунел 2, реонот на Камено брдо Министерството за транспорт и врски понуди на продажба три парцели со големина од 397, односно 427 и 503 м2 со почетна цена од 800 денари за квадрат. Минатата година три парцели беа понудени за продажба во Велес, во близина на ОУ Блаже Конески и тие беа продадени по двојно повисока цена од почетната 1,2 илјади денари за квадрат.

За илустрација во 2009-тата  има издадено 56 одобренија за градење наспроти 63-те во 2008-та во Велес, додека надлежните издале за лани 22 одобренија за адаптација, наспроти 17 во 2008-та. Повеќето од одобренијата за градење се на куќи кои се срушени а на нивно место се градат нови. Или кратко кажано , во  Велес нема локација, нема простор  за нови семејни куќи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »