речник контакт

Се продаваат 8 градежни парцели за куќи во викенд населба крај езеро Младост

Површината е помеѓу 586 и 870 м2

Петар Печков

На локацијата близу езерото Младост во тамошната викенд населба, се продаваат осум парцели за времено сместување.

 Од 33-те што претходно беа понудени на продажба,  останаа уште овие осум кои ќе се  продаваат на  електронска аукција на 18-ти јануари а последниот рок до кога можат да се поднесат пријави е до 13 јануари, среда.  

Осумте парцели се со различна градежна површина од  586   до  870  м2 ,приземје плус еден спрат, катност. Право на купување имаат домашни и странски физички и правни  лица.

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели изнесува 283 денари од метар квадратен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »