речник контакт

Се продаваат парцели за куќи и мотели на езеро Младост

На продажба се 25 парцели по цена од 283 денари за квадрат и две за хотели

Петар Печков

Локалната власт  објави оглас со кој  се нудат на продажба градежни парцели  од неизградено земјиште.  Станува збор за куќи во викенд населбата на патот кон езерото и село Новачани како и хотелски комплекси покрај езерото Младост.  Продажбата ќе биде по пат на електронско јавно  наддавање.

Со огласот понудени  за продажба се 25 парцели за индивидуални  домови со почетна цена од 283 ден. за м2  и катност од П+1. Површините на парцелите се движат од  586 до 1.59 м2 со тоа што само дел од нив се површини за градење.  Тие ќе се продаваат на 7-ми и 8-ми јули. Во претходните продажби веќе се отуѓени 17 плаца. 

 На продажба се понудени и  два плаца со намена за градба  на хотелски комплекси. И нивната цена е 283 ден за квадрат, со површина од  3,8 илјади и 10,6 илјади м2. Катноста за првиот објект е  П+2 а вториот П+3. Нивната продажба е закажана за 21 јули.

На двата огласи можат да се јават и физички и правни лица, граѓани на Македонија но и странци.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »