речник контакт

Се прскаше трет пат против комарците, по барање на Хигиенски

Средството со кое е прскано претходните два пати годинава, е контролирано и квалитетно

Петар Печков

 ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес испратил ургентно писмо, заради уништување на комарците во градот. Поради ова, утрово по трет  пат годинава, вонредно се прскаше против овој инсект. Од локалната власт, која го плаќа прскањето, тврдат дека истото е извршено со квалитетни средства. Тоа не било причина што комарците се намножиле.

Добивме писмо со кое ни се наредува да направиме вонредно прскање.  Два дена пред прскањето имаме законска обврска и мораме преку средствата за јавно информирање да ги информираме одгледувачите на пчели, да ги заштитат. И во двете досегашни прскања екипи на Центарот за јавно здравје беа присутни при полнењето на средството и тоа било со потребниот  квалитет - вели Катица Чадиева од локалната самоуправа.

Од таму објаснуваат дека причината за зголемениот борј на комарци на територијата на Општина Велес е  што се извршило прскање во соседството.

Извршено е прскање против комарци  во Општина Чашка и овие инсекти,како секој жив свет избегале од  отровите од нејзината територија кон велешко - објаснува Чадиева.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »