речник контакт

Се работи на обнова на патниот правец Катланово - Велес (фото)

Како дел до ова градежна активност е и рехабилитација на патниот правец крстосница кај Башино Село до Езеро Младост

Петар Печков

Започна рехабилитација на регионалниот пат од крстосницата за езеро Младост во правец кон Катланово. Таа е во должина од 4,9  км.  Ова е инвестиција на ЈП Државни патишта,

„Се  врши рехабилитација на регионалниот пат Р1102 делница, од  Катланово до  Велес, која е во две секции. Првата  секција е  должина од  3,52 км, а  втората  секција е 4,88 км или вкупно 8,4 км. Предвидени средства за оваа намена се 164.12 милиони денари“ - соопштија од ЈП ДП.

Изведувачот на работите е JV INFRA EXPERT & VATO а рокот за завршување на работите е девет месеци  заклучно со 30.05.2023 година. Надзор над работите го врши ЕВРОКОНСЛАТИНГ.

„Моментално на првата секција се работи на асфалтирање  од Катланово кон Велес, а на секција 2 (кај езерото Младост) се вршат подготвителни работи, расчистување на траса и обележување Рехабилитацијата на првата делница од Катланово кон Велес опфаќа  три постојни мостови; изведба на 14 нови пропусти “ - додаваат од ЈП ДП.

фото Општина Велес, ЈП ДП

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »