речник контакт

Се расипа локомотива, се блокираше сообраќајот во центарот на градот

Половина час, сообраќајот во центарот на Велес беше блокиран

Петар Печков

Денес, петок на пладне, застој во сообраќајот во градот, откако се расипа електирчна локомотива, од товарен воз. Настанот се случи околу 12,15ч. на железничката пруга Гевгелија -Велес, на товарен воз кој сообраќал за Скопје. 

„Возот кој стигна до центар, очигледно иамше проблеми, возеше полека, тргнуваше, застануваше и потоа сопре. Во прв момент мислевме дека се расипани безбедносните рапми и затоа вози полека„- велат очевидци. 

Екипа на Македонски железници констатирала дека локомотивата се распиала, па била испратена нова, од железничка станица Велес. По половина час, композицијата била извлечена а сообраќајот во градот нормализиран. 

Претходниот месец, мај, на 15-ти и 21-ви, електрична локомотива се запали во два наврати, токму на оваа релација, Гевгелија - Скопје. Од МЖ транспорт велат дека причина е староста на локомотивите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »