речник контакт

Се расчистува нередот на јавните површини

Поединци за свои потреби, а без одобрение користеа јавна површина а на неа оставија смет- велат од локалната власт

Петар Печков

Од почетокот на месец април Општина Велес започна со расчистување на локации кои долги години беа користени од страна на правни лица и трговци. Локалната власт  смета дека јавните површини припаѓаат на граѓаните и затоа се одлучи да изврши генерално расчистување на јавните површини, започнувајќи од централното градско подрачје и главните сообраќајници.

Поединци за свои потреби, а без одобрение  користеа  јавна површина.

Ова се случува  на ул. „Благој Ѓорев“ на јавните површини кои ги користат угостителските објекти каде беше затекнат покриен простор за вентилација на подземни гаражи, заварени метални елементи на огради, поставени огради, платформи и друг вид на опрема, спроведени електрични кабли на јавните површини, заробени дрвја со тенди - велат од локалната власт.

Во договор со корисниците на јавните површини расчистувањето е извршено без проблеми. Активностите и во претстојниот период ќе продолжат со цел урбаните површини да бидат уредени и пристапни за сите жителите на Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »