речник контакт

Се реконструира пазарчето во Нова Населба

Има повеќе тезги пред пазарот, отколку изнајмени во пазарот

Петар Печков

ЈКП Дервен започна со реконструкција на пазарот во Нова населба. Целта е подобри услови за продавачите, но и за купувачите,  кои пазарат во овој дел на Велес. Во наредниот период ќе се продолжи и со работи на Градскиот пазар. 

Се врши поправка и бојадисување на тезгите за продавање, а исто така се врши и бојадисување и белење на ѕидовите во внатрешноста на пазарот. По завршувањето на активностите во затворениот пазар во Нова населба, ЈКП Дервен ќе продолжи со работа на отворениот градски пазар, каде се планира бетонирање на одредени делови од подлогата на пазарот, реконструкција на чешмите и одводната инсталација, поставување на заштитна мрежа на оградата од пазарот, и поправка на тезги - стои во писменото соопштение на ЈКП Дервен.

Градоначалникто Коцевски најави дека во наредните денови, откако го исчисти прострот пред Градскиот пазар од нелегалните продавачи, истото ќе го стори и со дивите тезги и пред пазарчето во Нова населба. Оти таму имало помалку тезги кои се изнајмени, отколку што имало пред објектот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »