речник контакт

Се реконструира регионалниот пат Велес - Градско, но истиот ќе може да се користи за патување

Реконструкцијата ќе се изведува девет месеци и ќе се извршува во седум етапи, за да може тековно да се одвива сообраќајот на оваа делница

Петар Печков

Жителите на Општина Градско нема потреба да стравуваат по информацијата дека од утре ќе биде затворен регионалниот пат Велес -Градско поради реконструкција.

Оваа информација денес  ја објави Авто Ммото Сојусот на Македонија и предизвика стравувања, дека во деветте месеци додека трае обновата на оваа делница, тие ќе мора да патуваат по автопат и да плаќаат патарина, која во еден правец е 60 денари.

Од Јавното Претпријатие за државни патишта уверуваат дека со времениот режим, жителите ќе може да го користат регионалниот пат за патување до Велес и назад.

„ЈПДП врши реконструкција на регионалниот пат Велес- Градско и заради безбедно изведување на работите добиена е дозвола од МВР за воведување на времен режим на сообраќај. За таа цел реконструкцијата на регионалниот пат е поделена во 7 секции и секоја секција се наоѓа меѓу две населени места со што ниту едно населено место нема да биде отсечено“ - соопштија од ЈП за државни патишта, на поставеното прашање од ТрМр.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »