речник контакт

Се реконструираат просториите на Здравствен дом кои се на првиот кат од Хигиенски

Се обновува простор од околу 220 м2 ивестиција од сопствен буџет

Петар Печков

Започна реконструкцијата на просториите на Здравствен дом, кои се наоѓаат на првиот кат од зградата која е заедничка со Центарот за јавно здравје Велес.

Се обновува простор од околу 220 м2. Со оваа реконструкција ќе се овозможи подобра енергетска ефикасност на просториите.

„Се обновуваа чекалниците и ходниците, санитариите,  заеднички простории на првиот кат, потоа лабораторијата, стоматолошката ординација, каде ќесе промени подот, столаријата,  како и дограмата од здравствените амбуланти кои се под концесија“ - рече Нико Николов директор на ЈЗУ Здравствен дома Велес.

Рок на изведба е 60 дена а инвестицијата е во висина од 2,5 милиони денари.   Изведувач е фирмата „Арт инжинеринг“ од Македонски брод.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »