речник контакт

Се роди тројка во семејството Ѓаковски

Јосиф, Јоаким, Дамјан се прва рожба на Наташа и Јордан

Петар Печков

Во велешкото  семејството Ѓаковски, кај  Наташа и Јордан,  на 13 јуни  се роди тројка. Сите три се машки. Кумот се решил за  имињата  Јосиф, Јоаким, Дамјан. 

 
Задоволството што станавме родители  е огромно. Си ветивме со сопругата дека  ќе има четврто,  тоа  ќе биде женско. Не би рекол дека е тешко да се одгледуваат, имаме помош од бабите, дедовците – рече таткото Јордан.  

  Градоначалникот Славчо Чадиев на оваа тројка  им подари 30 илјади денари, како и детски играчки. Тие согласно законските  можности ќе добиваат и паричен надоместок за трето дете, во висина од осум илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »