речник контакт

Се рушат куќите на Паунови и Маневи, откако станаа опасност по минувачите

Куќите изгореа во пожар кои ги зафати на 20-ти декември лани

Петар Печков

Откако започна да паѓаат парчиња од куќата на Паунови, по реакција на соседите, локалната власт  започна со отстранување на рушевините.  Тие беа опасност по животот на минувачите, па од неделата трае акцијата на градежниците. 

Локалната власт најави дека ќе се рушат двете куќи, освен на Паунови и соседната на Маневи.  И двете изгореа во пожар кој се случи на 20-ти декември. 

Почнавме со рушење на остатоците од куќите што изгореа во декември минатата година, на ул ,,Јован Наумов Алабакот" бр. 10 и 12, што се опасни за минувачите. Безбедноста на граѓаните пред се - изјавија од локалната власт. 

При пожарот изгоре и сопственикот на куќата Миле Паунов, додека од огнот но и при интервенцијата за локализирање на огнот, сериозно беше оштетена соседната куќа на Маневи. Поради лошата состојба и таа ќе биде срушена.

Парчињата малтер од овие две куќи почнаа да паѓаат во неделата претпладне, по што реагираа соседите до локалните валсти а надлежните излегоа на терен попладнето и започнаа со расчистување на шутот и сметот. 

Двете куќи, заедно со уште три спроти нив на ул. Јован Наумов Алабакот, се дел од комплексот на куќи кај Варналиите заштитени со закон, поради автентичната архитектура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »