речник контакт

Се самоубил осомничениот за нападот врз девојката

Двојката живеела на ул. Андон Шурков бр. 27 каде претпладнево се до 17 ч. се одвиваше животна драма во обид за апсење на сторителот

Петар Печков

Се самоуби лицето кое се сомничеше дека jа застрелал 25 годишната девојка, со која биле во вонбрачна заедница. Веста ја потврдија од СВР Велес. Смрт  констатирал лекар од Итната помош.

Инцидентот  се случил околу 17 ч. кога специјалните   полициски сили на МВР се обиделе да влезат во станот каде живеел осомничениот. Бил фрлен солзавец и по што се слушнал силен екот.

Соседите се сомневаат дека во тој момент лицето се застрелало. При интервенцијата на специјалците било барано присуство на доктор. По изведената акција и влез во станот, доктор констатирал смрт.   

Утрото во 7,30 девојката сама пријавила во Итната помош дека  била повредена. Дежурната екипа бил замината на повик и по кажувањето на повредена таа имала рана во долниот дел на стомакот. Биле и видливи повреди и отоци по телото на девојката, модринки. И раната и повредите не биле свежи утрински, туку можеби нанесени  од претходната вечер.

Двојката живеела на ул. Андон Шурков бр. 27.
Детали и идентитетот на лицата, СВР Велес најави за утре.   

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »