речник контакт

Се сечат делови од јаворите, граѓаните уплашени

Комуналците уверуват дека се сечат стари и деградирани гранки, граѓаните велат се сече без стручен надзор

Петар Печков

Р.Е. паркови и Зеленило при ЈКП Дервен започна со кастрење на гранките од јаворите. Работата  на овие со Закон заштитени дрвја ги уплаши велешани. Тие што беа тука  на минување, гледаа и се прашуваа што се случува.

  Гледам се сечат гранките на јаворите. Дали за ова имаат дозвола, како е организирано не ми делува добро. Работниците сами сечат, без оглед дали нешто чини или не. Сите ниски гранки по ред. Треба да има некој стручњак тука, да им кажува кои гранки д се отстранат,вака останува на работниците по нивна проценка, сами одлучуваат – велат велешани.

Некои од нив трпеливо со часови стоеја и ја гледаа работата на велешките комуналци. Од ЈКП Дервен објаснуваат дека нема место за страв и паника, дека се работи нешто  што не е дозволено.

  Ги отстрануваме деградираните, суви и оштетени гранки. Поради невремето постои можност некои да се скршат, паднат и погодат некој минувач или оштетат автомобил. Се  работи според препораки на стручни лица – изјавија до ЈКП Дервен.

Ова е прво сечење на гранките од јаворите по дваесетина години. Тоа доаѓа откако пред некој ден ан маалска, гранка падна од јаворот и оштети автомобил. Во вакви случаи штетата ја плаќа локалната самоуправа, во чија надлежност е уредувањето и одржувањето на градското зеленило. Пред пет години, откако на патот Велес- Башино Село падна дрво и усмрти возач, општина Велес мораше да исплати 40 илјади евра обесштетување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »