речник контакт

Се сечат старите дрвја во Градскиот парк

Кога последен пат сте биле во Градскиот парк? Еве ви можност низ неколку фотографии да видите како изгледа оваа пролет.

Петар Печков

 Се сечат старите и дотраени дрвја од Градскиот парк, кои се опасност по посетителите и минувачите на овој простор. Отстранувањето се врши етапно до почетокот на летниот период, почнувајќи од најопасните дрвја  кои се закана по околината. По сечењето, паркот ќе се расчисти, обнови и засади со соодветно зеленило од страна на ЈКП Дервен.

Се сечат 46 стебла стари педесетина години, најмногу тополи, кои се деформирани  и деградирани  а ја нарушуваат естетиката  и безбедноста на просторот. За оваа активност ќе се потрошат 87.400  денари од локалниот Буџет. Пресечената дрвна маса се транспортира од страна на ЈКП "Дервен" до  нивните магацинските простории и ќе се користи за потребите на ЈКП, како и за граѓани кои се во тешка материјална положба, а кои ќе поднесат барање до општината за огрев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »