речник контакт

Се собираа средства за набавка на новогодишни пакетчиња за лицата со посебни потреби и децата без родителска грижа

Акцијата ја реализираа волонтерите од Црвениот крст на Велес

Петар Печков

 

Волонтерите на Црвениот крст од Велес, во добротворна акција. Сe cобираа средства со кои се набавија новогодишни пакетчиња а некои сограѓани даруваа и подготвени новогодишни пакетчиња.

Ова се случуваше денес, среда, на две локации во градот, штандовите беа поставени  кај  кружен ток Авона и близу Градскиот саат. Мотото на акцијата беше   „Подари среќа“

„Граѓаните можеа да подарат новогодишно пакетче или финансиски средства кои ќе се искористат за купување на пакетчиња. Од донираните средства се набавија 44 новогодишни пакетчиња кои ќе бидат поделени во Дневниот центар за лица со посебни потреби и во семејствата кои имаат згрижено деца без родителска грижа“- соопшти Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »