речник контакт

Се собираат доброволни прилози за домот на Никола

Здружението Гласот на животните,му помага на сиракот, чиј дом изгоре во пожар

Петар Печков

Веќе  трети ден, членовите на здружението ,,Гласот на животните,,  собират прилози за помош на Николче  Александров. Нему во  пожар  му изгоре  домот и се што имаше. Токму затоа членовите на ова граѓанско здружение,  чиј  член е и Николче,  се решија да му помогнат.  Денес, сабота беа на тротоарот спроти Гимназијата.  Претходно беа  на истата локација а потоа и пред зградата на Основниот суд во Велес. 

Очекуваме  дека граѓаните  како и многу пати  досега, ќе покажат хуманост  и ќе донираат пари и сите заедно да му помогнеме на Никола да си обезбеди дом за живеење. Ова го организираме се со цел да му ги олесниме  тешките моменти во кои  се наоѓа  - велат од Здружението.  

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »