речник контакт

Се сруши земјен брег, затрупа градежник

Неговите колеги го идентификуваат како И.А. (40год) од село Мартолци

Петар Печков

Десетина кубици земјa паднаа врз градежен работник, по што тој починал. Инцидентот се случил  околу 11  часот, на улица Максим Горки 216 во Велес, во  месноста Долни Дуќани.       Градежникот починал на  лице  место. Неговите колеги  го идентификуваат како  И.А. (40год) од село  Мартолци.

Тие  беа во шок  од настанот и не беа во можност да кажат што се случило, само се држеа за глава и немо гледаа во земја.   Соседите раскажаа што виделе и слушнале.

Неколку  дена мајсторите работеа на уредување на  куќата. Денес се  подготвуваа да постават фасада. Наеднаш само се слушна силен звук на лизгање  на земја и молк. Кога истрчавме, луѓето се обидуваа да стигнат до телото на градежникот,  но тешко одеше - велат комшиите од блиските куќи.  

Бргу стигнала  доктор и кола на  Брзата помош, но таа не беше во можност  да  интервенира, оти не можеше да се стигне до затрупаниот работник. Набргу стигнаа  и пожарникарите, кои работеа  да го ослободат  телото, од кубиците натрупана земја.   Четворицата пожарникари цел  час  се обидуваа  да  го  извадат телото, користејќи копачи, лопати, талпи.  

По дојавата за потрупан човек, веднаш   стигнавме на лице место. За жал човекот беше починат.  Дојдовме до трупот,  меѓутоа  нозете се заглавени и треба дополнително време  за да се извади   телото  - рече  Владо Таневски командир на смена на противпожарната  единица.  

На место  на  настанот е  увдина екипа на СВР Велес и Јавен обвинител. Пред 40 дена починал таткото на И.А а тој зад себе остави сопруга и 4 годишна  ќерка. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »