речник контакт

Се сруши потпорен ѕид на улица „Даме Груев“

Граѓаните стравуваат по безбедноста, надлежните најавуваат санација и бараат трпение и претпазливост од жителите на улицата

Петар Печков

Се сруши потпорен ѕид на улица „Даме Груев“ над куќен број 3,наспроти куќен број 8. Стариот потпорен камен ѕид  го потпирал трупот на улицата „Даме Груев“. До самиот ѕид, на работ на улицата има поставено дрвена бандера на која има инсталации. Граѓаните стравуваат по безбедноста, надлежните најавуваат санација и бараат трпение и претпазливост од жителите на улицата.

„До преземање на потребните активности за поставување на соодветна сигнализација и до преземање на градежни активности за санирање на појавениот проблем, Општина Велес ги замолува граѓанитте кои транзитираат на споменатата улица да возат внимателно и доколку се во можност  да ја избегнуваат за движење и сообраќање“ – соопштија од локалната власт.

фото: ФБ/општина Велес

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »