речник контакт

Се удави момче во реката Вардар

Дваесетгодишниот Љупчо Солев во петокот вечерта изчезна во водите на реката Вардар, во близина на брегот кај Ловното друштво. Настанот се случил после 19 часот, кога Б.С. ја алармирал велешката полиција дека другар му Љупчо паднал во реката и го снемало.

Петар Печков

Дваесетгодишниот Љупчо Солев во петокот вечерта изчезна во водите на реката Вардар, во близина на брегот кај Ловното друштво. Настанот се случил после 19 часот, кога Б.С. ја алармирал велешката полиција дека другар му Љупчо паднал во реката и го снемало. Веднаш потоа Солев го барале членовите на кајакарските клубови од градот, за во саботата теренот да го пребаруваат специјалните екипи на МВР од Скопје, но Љупчо не беше пронајден.

Другар му Б.С.  на полицијата и кажал дека вечерта дувале лепак покрај брегот на Вардар, за во еден момент Љупчо да стане се затетерави и падне во реката. Б.С. подоцна ја видел неговата капа како плови по водата  но не и другарму.  Познавачите на Вардар велат дека тој деновиве е со висок водостој, а на тоа место со многу вирови и длабок.

На истото место пред 10 години, десегодишен фудбалер на Борец, трчајќи по топката на тренинг, падна во реката а неговото тело до ден денес не е пронајдено. Пријателите на Љупчо Солев имаат само пофални зборови за него, велат дека тој бил одличен човек, добар другар, многу едуциран, кој неочекувано го завршил животот.


\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »