речник контакт

Се укинува најкратката авиолинија во светот

Патувањето трае 8 минути , помеѓу две места во Германија и Швајцарија

Петар Печков

Најкраткиот меѓународен лет во светот помеѓу Германија и Швајцарија, е укинат поради слабиот интерес на патниците. Ова го изјавија официјалните престапалници на авио компанијата.

Летот трае осум минути, со него  патниците летаа преку езерото Констанс помеѓу Алтерјахн во Швајцарија и Фридрисхафен на југот од Германија.  Летот беше воведен минатиот ноември, го одржувал модерен тип на авион  Embraeru 170.  

Директорот на аеродромот во Фридрисхафен, Класу Дитер изјавил дека авиокомпанијата  People's Viennaline,од Виена од 14 април се откажува од летот, поради слабата побарувачка.

 Овој мини лет се нашол на ударот на критиката на бројните еколошки организации за заштита на човековата околина, како бесмислен извор на загадување.  

По укинувањето на оваа линија, најкраток меѓународен лет ќе биде тој помеѓу главните градови на Австрија –Виена и на Словачка  -Братислава. Трае 14 минути а далечината помеѓу одвие два града е 47 км.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »