речник контакт

Се уништува растителниот свет на планината Јакупица

Берачите на лековити билки и шумски плодови ја сотреа флората на планината

Петар Печков

Богатиот растителен свет на планината Јакупица  се ретчи.  Лековитите билки и треви кои даваат живот, се на прагот од истребување, ги снемува. Собирачите на овие растенија не мислат на нивниот опстанок, туку работат неплански, стихијно. Во овој период ги има во голем број и сите се во потрага да наберат што повеќе билки. За ваквата појава реагира  Борче Гајдов и сам собирач на лековити растенија, планински билки. Цел живот тој го има посветено на нивно проучување. И додека останатите собираат, тој апелира флората во овој предел, во срцето на Македонија,  да се сочува.

Факт е дека билките полека исчезнуваат на Јакупица. На пределите каде до пред некоја година ги имаше во изобилство сега ги нема. Од толку многу што се берат, некои и од корен се уништуваат цели видови. Иако треварите се искусни луѓе, нешто што работат со години, дали во брзината  дали нешто друго е во прашење, берат и не размислуваат з а последиците. Има и многу туристи кои доаѓаат и секој од нив да набере по нешто, пак истата работа се случува. Има и многу нови млади тревари, кои мислат дека од тоа може да  се живее и сега на големо работат по планините. А цехот го плаќа природата и ние со неа – вели  Борче Гајдов. 

  Како пример ја наведува линцурата, која со убавиот жолт цвет ја немало повеќе. Се поретко се сретнува планинскиот чај, па пресекливата трева- кантарионот. Иста е судбината и на камилицата. Таму каде што ја имало, повеќе ја нема ни  мајчината душица,  ниту  билката подбел. Причината е што се береле сосе корен.

Природата овие  нејзини билки ги создала пред  илјадници години и немаме прво ние сега да ги искорениме. Закони постојат и мора да почнат да се применуваат. Не можеме да ја оставиме природата на немилост на лица кои мислат само за себе. Нестручно се берат билките. Истото се случува и со печурката. Се рекло носи пари и сите ајде на берење а немаат основни познавања. Печурката не се корне, се сече со нож, се складира  во кошница а никако во вреќи како што сега работат – објаснува Гајдов.

Тој по планините е од 1959-та  година а иако сега има 79 уште е активен, пешачи и нема мака.   На Јакупица има неколку видови на ендемски растенија, кои  растат само тука и никаде на друго место на планетата  Земја.  Такви се диво јоргованче, Македонска саса, Македонска синоличка.

На оваа планина има големо билно богатство и тоа мораме да го сочуваме. Има бор кој како жбун расте тука, се вика кривуљ.  Го има и на други планини на Балканот ама овде е без малку истребен. Се користел како дрво за греење во лакањ, оти  поради смолата не испуштал многу чад па на времето селаните  не им правел проблеми во домовите. Штета е што го снемува оти во него се кријат и котат волци, лисици – вели Борче. 

Тој се присетува при неговиот престој во Словенија, како таму е решен овој проблем со прекумерната берба на лековитите билки.  Од одреден реон може да се откупува само одредена количина, која е резултат на анализите од стручни лица. Остава надеж дека можеби овие билки кои сега нe ги сретнува, се поместиле во некои понедостапни за човекот предели. Гајдов додава дека тој не ги користи овие билки, туку бере листови од капини, малини, шумска јагода, див глог, кои заедно во мешавина биле многу лековити.
 

  Јакупица освен што е богата со флора има богат и животински свет. Гајдов додека ја пешачел планината сретнал многу животни. Иако имаше повеќе обиди за прогласување на национален парк, тие минеа неуспешно.

Има многу волци, лисици, мечки, зајаци. Имаше многу срни,елени сега ретко ги сретнувам. Жалам што рис не сум видел. Во поранешна Југославија доаѓаа некои стручњаци, оти имаше предлози Јакупица  за национален парк да стане, но не минеа. Планината месното население но и државата ја користат за сеча на дрвја. Ако се прогласи тогаш тоа нема да може да се работи, а со тоа и така сиромашното население нема да има можност за егзистенција оти тука нема земја за обработка. Затоа тогашните иницијативи се отфрлаа – вели Гајдов.  Објаснува дека кај месното население Јакупица е позната како Мокра планина, бидејќи има голем период со врнежи и таму е често мокро од водата.
 
: Како  Планинарскиот дом Чеплес го доби името?  
      Гајдов се присетува на една подзаборавена епизода од 1962 година кога група професори од Земјоделски професори  до Загреб биле  таму на престој и работа.

 Во  Богомила, мештаните виделе голема група луѓе околу дваесетина и  кога ги сретнале  ги прашале, каде бевте. Тие одговориле ,,Код Чеплеса,, бидејќи во околината на домот има билка толму со тоа име чеплес. Професорите мислеле на билката, мештаните на просторот  и така домот кој дотогаш се викал Нежилови  стени,  меѓу народот е преименуван во Чеплес.  И таа е на листата на билки кои ги снемува, оти папрат и го зема ареалот. Со неа се преранувала  стоката, оти многу нахранува, заситува.

  Како двете планини Даутица и Јакупица го добиле името, во времето на турското владеење.  Тогаш во овој крај владееле две  богати семејства, кои се скарале за едно куче. Поради него дошло и до крвопролевање, па велешкиот бег решил да ги смири со тоа што им подари по една планина на Јакуп Јакупица на Даут Даутица,. Овој крај е често посетуван од трагачите по закопано богатство бидејќи веруваат дека овие две семејства, на Даут и Јакуп кога заминувале од Македонија, оставиле богат плен злато, кој уште се бара од авантуристите по околината на  Мокрени и Ореов дол.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »