речник контакт

Се уредува плажа на езеро Младост, учествуваат и затворениците од велешки затвор

Се градат соблекувални, тушеви, пристапна патека, се поставуваат чешми за вода, чадори за заштита од сонце

Петар Печков

Се уредува „Првата плажа“ на езеро Младост, на влезот од правец на Велес. Во градежните работи покрај вработените од ЈКП Дервен и „Тргоцемент“ учествуваат и деветмина лица кои отслужуваат казна затвор во затворот близу Велес.  Една седмица тие се ангажирани со општествено полезна работа, на уредување на просторот и локалната власт е полна со пофалби за нив.

Раководителите кои работат на терен, упатија многу пофални зборови за ангажираноста на затворениците, кои биле многу вредни и дисциплинирани. Им благодарам за  помошта - кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски. 

Затворениците од велешкиот затвор често учествуваат и во градежните работи во Основен суд Велес. Ова е прва јавна  плажа кој  се уредува на езерото, останатите две кои се уредени се сопственост на угостителски објекти. 

Се градат соблекувални, тушеви, пристапна патека која е прилагодена за лицата со попреченост, скалила, се поставуваат чешми за вода, чадори заштита од сонце, се поставува песок на плажата, санитарии, плажа за лицата со попреченост, забавен парк за деца. Градоначалникот најави дека работите треба да завршат за една седмица.

Велешкото езеро е привлечно не само за велешани, туку и за посетители од соседните градови, така што со  оваа активност ќе биде исполнета дамнешната желба на гостите, за уредена плажа. Ако има позитивни реакции, до година ќе уредиме уште една  - додаде Коцевски.

Тој најави поправка на Спасителна кула на здружението „Македонски спасител“ која била оштетена при сечење и пад на деградирани дрвја, кои претставувале опасност за капачите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »