речник контакт

Се чека одговорот од Министерството за образование за припојување на училиштето од Превалец

Одговорот се чека до средината на следната недела, по празникот

Петар Печков

Се чека  одговорот од Министерство за образование за натамошната судбина на подрачното Основно Училиште во Иванковци.  Од таму траба да стигне информацијата дали даваат согласност, ова училиште да се припопи кон ОУ Васил Главинов. Доколку кажат не, училиштето останува кон досегашното матично, Рајко  Жинзифов од Горно Оризари.   

Пред седум дена во посета  на училиштетот имаше мешана комисија на Министерството за образование и општина  Велес. Секој ден ја чекаме одлуката, која ќе биде во рамките на процесот кој го започна Советот на општината за припојување на училиштето од Превалец, кон Велес.  Училиштето во Превалец има 7 км до Горно Оризари и 4 км до Васил Главинов. Јасно е каде тоа припаѓа. По добивањето ан позитивниот одговор, не очекува промена на статутите на двете училишта. По усвојувате на Статутите од  страна на Советот, веднаш децата ќе бидат организациски префрлени кон ОУ  Васил Главинов.  Тогаш и наставниците кои ги учат децата од Превалец,   ќе преминат кон оваа образовна институција во Велес. Годинава во Превалец  имавме за 100 отсто повеќе првачиња, што радува и значи дека подрачното училиште има иднина - рече градоначалникот Чадиев.  

Ова припојвуање доаѓа откако минатата година родителите ја бојкотираа наставата па учениците во Превалец, од прво до петто одделение не одеа на училиште три недели.

Тие бараа училиштето да се припои кон ОУ Васил Главинов, бидејќи биле дел од Велес а не на Горно Оризари.  Неодамна Советот на Општина Велес ја започна процедурата за припојувања, донесена е одлука а останува само одговорот на Министерството  за образование,како тие ќе решат за овој чин.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »