речник контакт

Се чистеше брегот на езерото Младост

Собрани десет трактори смет од несовеснтеи посетители кои преку летото тука престојуваа. Тие пак бараа корпи за семт

Петар Печков

Во еколошка акција   се чистеше брегот на велешкото езеро Младост. Три часа, повеќе стотина рибари, ученици, членови на невладини здруженија, го отстрануваа сметот кои посетителите го оставија зад себе изминатата летна сезона. Ова беше дел од акцијата Еко – езеро Младост 2012, при што се исчистија два километри крајбрежје. Во неа учествуваа организаторот ЗСР Бабуна, риболовните друштва Кркушка и Металург, ЈКП Дервен, учениците од интернатот, извидниците.

Со чистењето на брегот од езерото сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните и посетителите на оваа водена рекреативна површина. За овие три часа собравме десетина трактори смет, учествуваа повеќе од сто луѓе. За жал морам да констатирам дека  туристите   кои тука кампуваа покажаа ниска свест, бидејќи се гледа колку тие се грижеле за средината. Толку смет да се собере за ова кратко време  е алармантно. Природата сме ја наследиле од нашите предци а треба да ја сочуваме за идните генерации  -  рече Ѕвонко Мечалов      претседател на Здружението на спортски риболовци Бабуна од Велес, кое е концесионер со рибниот фонд од езерото.

Една од обврските која ја имаат, за да стопанисуваат со рибите е да го одржуваат и крајбрежјето. Поради тоа тие најавуваат дека напролет ќе го чистат брегот н Вардар низ Велес, како и долните текови на реките Бабуна и Тополка, рекреативни центри на велешани. И додека тие алармираат за ниската свест кај посетителите на овие центри, гостите бараат корпи и канти за смет, каде да го оставаат ѓубрето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »