речник контакт

Седма победа од осум натпревари за КК Борец баскет

Пораз за одбојкарите и футсал екипата на КМФ КЕги моби

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец загубија на гостувањето во Струмица од  истоимената екипа со максимални 3:0 ((14, 15,12). Во вториот дел од првенството по заминувањето на двете засилувања, Украинци, велешкиот прволигаш падна и во игра и резултатски. Тој е 5-тото емсто а  во следното коло игра дома со екипата ОК Шкендија

Кошаркарите на КК Боец баскет во победничка серија, седум победи во осум натпревари. Нова „жртва“ синоќа беше екипата на КК Тетекс ТТК во Тетово. Велешани славеа со 69:73,(31:42) над екипата која е во долниот дел од табелата. Ова беше средба од 17-тото коло а во следното КК Борец баскет, кој е четврти, игра дома со КК Вардар од Скопје кој е на второто место со два бода повеќе.   По завршувањето на регуларниот дел од првенството, првите осум екипи разигруваат за пласман во Прва лига по систем 1-8/2-7/3-6/4-5, а потоа победниците меѓусебно и двете победнички екипи од есен ќе играат во елитата.

Футсал екипата на КМФ Кеги моби играше во Штип, кај КМФ Астибо. Домаќините славеа со 5:3 (4:2). во израмнет и фер натпревар победа за домаќините. Тоа беше дерби средба на првиот и трето пласираниот од табелата. Велешани останаа на првото место а во следното коло играат дома со екипата на  Конзули од Битола.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »