речник контакт

Седмица без премиера на репертоарот на 3Д киноверзум

На репертоарот се три од петте најгледани филмови во светот, сепктаклот „Фуриоза: сага за лудиот Макс“, анимираниот „Гарфилд“ и хоророт „Туѓинци: Прво Поглавје“

Петар Печков

Наредните седум дена, до среда, пет филмови се прикажуваат во 3Д киноверзум во Велес, премиери нема.

Спектаклот„Фуриоза: сага за лудиот Макс“’ најгелданиот филм изминатиот викедн во светот.  Во режија на Џорџ Милер, „Фуриоза“ е петтиот дел од постапокалиптичниот серијал за Лудиот Макс. Дејството се случува 15-20 години пред претходниот филм „Пат на бесот“, а Ања Тејлор-Џој ја игра помладата верзија на Фуриоза, која била киднапирана од своето родно село и пораснала со своите киднапери Дементус (Крис Хемсворт) и Имортан Џо (Лечи Халм).

„Присила“ на Софија Копола.  Филмот ја раскажува приказната за сопругата на кралот на рокенролот, Присила Присли, и нејзиниот живот покрај еден од најомилените американски уметници. Се заснова на мемоарите од 1985 година, Елвис и јас, напишани од Присила Присли и Сандра Хармон. Преку нејзините очи и сеќавања, Копола им открива на кинољубителите нова страна од проблематичниот брак на Прислиеви. Присила имала 14 години кога го запознала пејачот кој бил постар единаесет години. Кејли Спени ја глуми Присила, заедно со австралискиот актер Џејкоб Елорди, кој го толкува Елвис.

Анимираниот „Гарфилд“ е на второ место по гледаност во светот изминатиот викенд.   По неочекуваното повторно обединување со неговиот одамна изгубен татко, со  бушавата улична мачка Вик, Гарфилд и неговиот пријател кучето  Оди, се принудени од нивниот совршено разгален живот да му се придружат на Вик во урнебесен грабеж со големи влогови.

„Туѓинци: Прво Поглавје“ , американски хорор кој се враќа на репертоарот и е меѓу најгледаните во светот, трета седмица по ред. .Сенките застрашувачки танцуваат додека три фигури излегуваат од темнината. Нивните маски кријат намери позлобни отколку што можеме да замислиме. Пар доаѓа во контакт со тројцата психопатски маскирани странци додека се на пат.

Анимираниот Кунг фу панда,  4 дел мповторо пред велешани.  Откако По ќе биде избран да стане духовен водач на Долината на мирот, тој треба да најде и да тренира нов воин на змејот, додека злобната волшебничка планира повторно да ги повика сите господари негативци кои По ги победил во духовното царство. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »