речник контакт

Седница за честење и славење

60 - тата седница на Советот на Општина Велес мина во славеничка атмосфера и заврши експресно после два часа активна работа

Петар Печков

Советнците на општина Велес последната седница ја минаа  повеќе славенички а помалку работно. А поводи за честење имаа, советникот Топме Јаневски затоа што стана дедо на внук, советникот Дејан Арсовски затоа што се ожени и претседвачот Славчо Чадиев затоа што е новиот општински лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Дали заради ова или пак некоја друга причина, немаше полемика и седницата заврши  со изгласување на сите точки.

 Беа усвоени и седумте  меѓугранични проекти со градови од Република Грција, а во кои активно  ќе учествува и општина Велес. Истите се очекува да бидат разгледани до крајот на годинавг, кога ЕУ ќе ги објави резултатите.

 Беа донесени и одлуките за конкурирање на невладини здруженија за органзирање на Вардарската регата Гемиџии, за  уметничката колонија Папрадишки мајстори, за фестивлот на атничка драма Стоби и за фолклорниот фестивал.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »