речник контакт

Седниците на Советот на Општина Велес во живо на Youtube

Опремата во вредност од 12.000 долари е обезбедена преку Програмата за развој на Обединетите нации- УНДП,

Петар Печков

Седниците на Советот на Општина Велес од неодамна се пренесуваат во живот а преносот се емитува преку каналот на Општина Велес на  Youtube. Ова започна од последната седница  28-ма, одржана на 31 јануари.  Целта е да се зајакне транспарентноста на општината, а граѓаните да можат директно да ја следат работата на Советот на општината.

Започна примената на новиот систем на директен пренос на седниците, преку официјалната веб страница  на Општина Велес и преку социјалната фејсбук страна на Општина Велес.  Тоа уште повеќе ќа је зајакне транспарентноста на Општина Велес, која и така е на врвот на транспарентот во Македонија, според мерење на домашни и меѓународни организации. Една година траеја напорите да се обезбеди директен пренос, немаше телевизија која ги исполнува условите од тендерот,  тие не се емитуваат на дигиталната платформа на каналите од операторите  -кажа Душко Петров, претседател на Советот на Општината.

За малиот интерес, кога само најмногу 20-тина гледачи ја следеа седницата во живо, а повеќето беа советниците, Петров  рече дека тоа е поради неинформираност на граѓаните. Очекува дека таа бројка во иднина ќе се зголеми.   

Опремата во вредност од 12.000 долари и е обезбедена преку  Програмата за развој на Обединетите нации- УНДП,  во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“. Набавени се една роботизирана и една фиксна камера, 15 микрофони и дополнителна техничка опрема за пренос во живо. 

Ова доаѓа по реакциите во дел од јавноста, дека нема преноси ниту снимки од Седниците на Советот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »